Потребни состојки:
– Тесто за пица (можете сами да си го замесите или пак да си купите готово тесто)
– Домашна сланина димена на буково дрво Косиљак
– Моцарела
– Домати
– Песто сос
Премачкајте го тавчето за печење со малку масло. Земете дел од тестото во форма на топка, ставете го во центарот на тавчето за печење и со прстите, полека, растегнувајте го од центарот кон страните на тавчето. Потоа, премачкајте го тестото со кечап, а врз него распоредете ги исецканите парчиња моцарела. Врз секое парче моцарела ставете песто сос.
На крај се реди домашната сланина и доматите исецкани на кругови и се зачинува со сол, оригано и босилок. Доколку сакате, можете да додадете и кромид, исто така исецкан на тенки кругови. Пред да ја ставите пицата да се пече, рерната треба да е загреана на 200 степени. Печете 15 минути.
Добар апетит!