Полнети тиквички со Свински врат чаден на буково дрво

tikvichki-vrat
Потребно ви е:

– Свински врат димен на буково дрво
– Тиквици
– Јајце х1
– Рендан морков
– Лажици путер х2
– Мал кромид х1
– Рендан кашкавал
– Бибер
– Сол

Загрејте ја рерната на 200 степени. Пресечете ги тиквиците на половина, по должина. Со лажица издлабете ја внатрешноста на тиквиците и одстранете го семето. Во еден сад изматете го јајцето. Потоа ситно исецкајте го свинскиот врат и кромидот, изрендајте го морковот и сите овие состојки заедно со путерот, измешајте ги заедно со јајцето. Зачинете со бибер и сол. Поделете ја смесата на толку делови, во зависнот од тоа колку тиквички имате и наполнете ги истите. Наредете ги тиквиците во плех за печење и покријте ги со фолија. Печете ги 10 минути во загреана рерна. Потоа отстранете ја фолијата и печете ги уште 20 минути. На крај врз секоја тиквица додадете половина лажица рендан кашкавал и вратете ги во рерна уште 2-3 минути за да се растопи. Послужете ги топли.

tikvichki-vrat2

Bon Appetit!