Мал уникатен апетизер

domashna-slanina-krastavica1

Потребно ви е:
– Домашна сланина чадена на буково дрво
– Свежа краставица
– Крем сир
– Маслиново масло
– Лимонов сок
– Зачини (оригано, лук во прав)

Приготвување:
Краставицата се сече на парчиња од 4 cm. Се вади внатрешниот дел од краставицата, за да се направи простор во кој ќе може да се смести сосот. Во маслиново масло се пржи кромидот и сланината. Се додава крем сирот, зачини по вкус и малку лимонов сок. Со вака подготвената смеса се полнат чашките од краставица.За помалку од 10 минути имате свежо, вкусно и декоративно изненадување за вашите најмили.

domashna-slanina-krastavica2
Bon Appetit!