Моцарела стапчиња

hamburshka-slanina-recept-1

Потребно ви е:
– Хамбуршка сланина димена на буково дрво Косиљак
– Моцарела
– Фета сирење
– Доматно пире
– Јајце
– Брашно
– Зачини (оригано, лук во прав и чили)
– Масло/Путер

Моцарелата ја сецкаме на стапчиња, ја попрашуваме со брашно и ја потопуваме во сад со изматено јајце, здробена фета и оригано. Потоа моцарелата ја ставаме во тавче со загреано масло или стопен путер да се пропржи. Потребни и се 2 до 3 минути да се стопи, а да не ја изгуби формата. Ја пржиме сланината (само да се зацрвени) и во истата ја мотаме моцарелата. За потполно уживање подготвуваме и сос од домати – Доматното пире се загрева, се додава некоја капка маслиново масло, оригано и лук во прав. Доколку некој е љубител на луто, може да се стави и чили во прав.

hamburshka-slanina-recept-2

Bon Appetit!