Потребно ви е:
– 200 гр. Чадена печеница
– 7 готови кори
– 2 јајца
– 1 кисела павлака
– 250 гр. кашкавал
– 250 гр. свежи печурки
– 2 дл. кечап
– 1 лажица масло
– оригано
Изрендајте го ситно кашкавалот, а печеницата исецкајте ја на ситни парчиња. Печурките пропржете ги на среден оган во тавче со една лажица масло и зачинете ги со сол. Поставете ја првата готова кора и оставете ја празна. Врз неа поставете ја втората кора и намачкајте го половина од кечапот, посолете со малку оригано.
Поклопете ја третата кора и врз неа изронете го половина од ренданиот кашкавал. Врз неа поставете ја четвртата кора и распределете ја целата печеница рамномерно. Потоа измешајте ги јајцата со павлаката и две третини од смесата намачкајте ги врз петтата кора. Врз шестата кора распределете ги печурките. Поставете ја последната седма кора и намачкајте ја со останатата половина од кечапот и половината од кашкавалот. Замотајте ги корите во ролат. Поставете го ролатот во тавче обложено со хартија за печење. На крај намачкајте го ролатот со остатокот од смесата од јајце и павлака и печете го во загреана рерна (200 степени) 30 минути. Послужете го веднаш.
Bon Appetit!