Потребно ви е:
– Шунка Специјал Косиљак 300 гр.
– Пилешки батаци х4
– Кашкавал 300 гр.
– Јајца х3
– Павлака х1
Откако ќе се сварат батаците, ситно се сецкаат и се ставаат во плех. Се додава зејтин и малку бибер и сол по вкус. Одозгора се става претходно исецканата шунка и изренданиот кашкавал. Се пече се додека не се стопи кашкавалот, а потоа се посипува со изматените јајца и павлака и се остава убаво да се запече. На крај се сецкаат коцки.
Bon Appetit!