Потребно ви е:
– Шунка деликатес Косиљак
– Пченкарно брашно (1 чаша)
– Пченично брашно (1 чаша)
– Јогурт или Кисела вода (1 чаша)
– Масло за јадење (1 чаша)
– Прашок за пециво x1
– Јајца x3
– Сирење
Јајцата се матат со малку сол. Потоа се додава јогуртот, маслото за јадење и двата вида на брашно заедно со прашокот за пециво. На крај се додава исецканата шунка и здробеното сирење. Со вака изматената смеса се полнат модлите и се ставаат во рерна да се печат околу 30 минути. За декорација можете да направите сос од ситно сецкани краставички, мајонез и павлака.
Bon Appetit!