Потребно ви е:
– Шунка Специјал Косиљак 300 гр.
– Пилешки батаци х4
– Кашкавал 300 гр.
– Јајца х3
– Павлака х1
Откако ќе се сварат батаците, ситно се сецкаат и се ставаат во плех. Се додава зејтин и малку бибер и сол по вкус. Одозгора се става претходно исецканата шунка и изренданиот кашкавал. Се пече се додека не се стопи кашкавалот, а потоа се посипува со изматените јајца и павлака и се остава убаво да се запече. На крај се сецкаат коцки.
Bon Appetit!
Време е за појадок!
– Црно лебче
– Крем сирење
– Шампињони пржени во маслиново масло со вегета и оригано
– Домашна сланина димена на буково дрво Косиљак
– Марула
Време е за појадок!
– Двопек
– Мајонез салата
– Печеница чадена на буково дрво
– Маслинки
Потребно ви е:
– Домашна сланина Косиљак
– Марула
– Рукола
– Шери патлиџанчиња
– Лупен сончоглед
– Маслиново масло
Потребни состојки за дресингот:
– Јогурт
– Мајонез
– Лимонов сок
– Зачини (лук во прав и оригано)
За сите оние кои уживаат во свежите салати!
Bon Appetit!
Потребно ви е:
– 200 гр. Чадена печеница
– 7 готови кори
– 2 јајца
– 1 кисела павлака
– 250 гр. кашкавал
– 250 гр. свежи печурки
– 2 дл. кечап
– 1 лажица масло
– оригано
Изрендајте го ситно кашкавалот, а печеницата исецкајте ја на ситни парчиња. Печурките пропржете ги на среден оган во тавче со една лажица масло и зачинете ги со сол. Поставете ја првата готова кора и оставете ја празна. Врз неа поставете ја втората кора и намачкајте го половина од кечапот, посолете со малку оригано.
Поклопете ја третата кора и врз неа изронете го половина од ренданиот кашкавал. Врз неа поставете ја четвртата кора и распределете ја целата печеница рамномерно. Потоа измешајте ги јајцата со павлаката и две третини од смесата намачкајте ги врз петтата кора. Врз шестата кора распределете ги печурките. Поставете ја последната седма кора и намачкајте ја со останатата половина од кечапот и половината од кашкавалот. Замотајте ги корите во ролат. Поставете го ролатот во тавче обложено со хартија за печење. На крај намачкајте го ролатот со остатокот од смесата од јајце и павлака и печете го во загреана рерна (200 степени) 30 минути. Послужете го веднаш.
Bon Appetit!
Време е за појадок!
– Тазе багет
– Домашен ајвар / Малиџано
– Чаден свински врат
– Сирење
– Коришони
За петок, се знае… Гравче на тавче со Крањски колбас.
Време е за појадок! smile emoticon
Вкусен сендвич со:
– Чадена печеница
– Кашкавал
– Маслинки
– Мајонез
– Марула
– Рукола
– Шери
Добар апетит!
Потребно ви е:
– Шунка Ројал Косиљак
– 7 јајца
– 300 гр. спанаќ
– 500 гр. павлака
– 200 гр. сирење
– 5 лажици брашно
Откако ќе го измиете спанаќот, обарете го, исцедете ја водата од него и исецкајте го. Исецканиот спанаќ ставете го во претходно изматената смеса од 7 јајца, 5 лажици брашно и 1 лажичка сол. Вака подготвената смеса се става да се пече во тавче подмачкано со зејтин. Испечената кора ставете ја во влажна крпа додека го подготвувате филот од павлака и сирење. Потоа премачкајте ја кората со филот и наредете ја шунката исецкана на тенки кругови. На крај вниматлено се витка ролатот.
Bon Appetit!
Време е за појадок!
– Проја
– Чадена хамбуршка сланина
– Сирење
– Шери домати
– Краставица