Шпагети со сос од шампињони

shpageti1

Потребно ви е:
– Печеница чадена на буково дрво Косиљак
– Шпагети
– Свежи шампињони
– Неутрална павлака
– Кашкавал
– Свеж магдонос
– Кромид
– Бело вино
– Маслиново масло
– Зачини (морско оревче, лук во прав, сол и бибер)

Припрема на сосот:
Во маслиново масло се запржува кромидот се додека не омекне. Се додаваат шампињоните и се пржат заедно со кромидот. Зачинуваме со лук во прав, оригано, сол и бибер. Потоа ја додаваме ситно исецканата печеница, магдоносот и малку бело вино. Откако течноста од виното ќе изврие се додава неутрална павлака, малку рендан кашкавал и зачинуваме со морско оревче. Мешаме се додека смесата не се изедначи. Вака подготвениот сос се нанесува врз претходно сварените шпагети. Вашата вечера е готова!

shpageti2
Bon Appetit!