Солен Ролат

shunka-delikats-recept-1

Потребно ви е:
– Шунка Деликатес Косиљак
– Кашкавал
– Кисели краставички
– Морков
– Јајца
– Мајонез
– Брашно
– Прашок за пециво
– Сол

Се матат 8 јајца. Во нив се додаваат 4 лажици брашно, малку сол и малку прашок за пециво. Вака подготвената смеса се става да се пече во тавче подмачкано со зејтин. Откако ќе се испече кората, се става во влажна крпа. Потоа, внатрешната страна на кората се премачкува со мајонез, а одозгора се додаваат претходно изренданите 150 гр. шунка, 150 гр. кашкавал, 150 гр. кисели краставички, 150 гр. варен морков. Се витка ролатот, а одозгора може да се премачка со мајонез и да се наренда кашкавал.

shunka-delikats-recept-2

Bon Appetit!