Потребно ви е:
– Шунка Специјал Косиљак
– Кашкавал
– Корнишони
– Компири
– Јајца
– Мајонез
– Павлака
Ги вариме компирите и јајцата и ги рендаме, како и сите останати состојки. Во здела ставаме прво еден ред компир, го посолуваме, потоа ставаме ред јајце, па ред кашкавал. Премачкуваме со мајонез и продолжуваме со редење на шунката, па малку кисели краставички и на крај ставаме павлака. Повторно го редиме компирот, го премачкуваме со мајонез и врз него ставаме мешавина од кашкавал, шунка и оригано. Уживајте во овој сосема лесен за подготвување, но многу вкусен и декоративен оброк.
Bon Appetit!